
Тетово деновиве полно со смет поради расипна машина во претоварната станица
Дефект во претоварната станица за смет на комуналното претијатие Тетово е причина за заостанувaње во собирањето смет низ градот. Директорот на ЈКП „Тетово“ Џелал Цека соопшти дека во стариот дел од градот каде најмногу има несобран смет во текот на неделата работниците ќе го отстранат.
Имавме проблем со механизмот во претоварната станица која го компресира сметот со цел поголеми количини да се соберат и стават во каминоните кои потоа го носат отпадот во регионалната депонија Дрисла во Скопје, рече Цека.
Градоначалничката Теута Арифи вели дека се работи постојано без застој на собирање на сметот и дека во летниот период Тетово зголемениот број на луѓе во градот создааат и дополнителни количини отпад.
-Институциите работат редовно, но во текот на летото имаме зголемена раздвиженост со печалбарите дојдени на одмор. Исто така, станува збор за механизација кој постојано се користи и е подложна на дефекти, рече Арифи.
Голем број жители на Тетово алармираа дека контејнернерите останале два-три дена полни со смет и не бил остранет од комуналните служби.