Тетовец удрил со товарно возило во метална ограда на автопатот Тетово – Скопје и починал

Товарно моторно возило „форд ренџер“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(25) од Тетово вчера околу 7:20 часот излетало од автопатот Тетово-Скопје во близина на мост на реката Вардар и удрило во метална ограда.

Како што информираат од МВР, по незгодата возачот И.Б. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде починал поради сериозноста на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ