Тетекс од утре под клуч – Без работа остануваат над 150 текстилни работници

На овие работници денеска им и последен работен ден во фабриката Тетекс, каде голем дел од нив работеле над четири децении.

На последниот погонот конфекција денеска попладне беше ставен клуч, а со тоа заврши и седумдецениската историја на некогашниот гигант.

Вработените жалат, на наша возраст велат тешко ќе најдеме работа.

Од Раководството на Тетекс, истакнаа дека биле приморани да ја затворат фабриката, која последните години се занимавала со примарно прозводство за странски фирми.

На просторот од поранешна Југославија, па речиси и во сите европски земји, веќе нема ниту една текстилна фабрика која работи а која имала промарно производство од волна и текстил, како што беше во „Тетекс“ значи производство од предиво, ткаенини и па се до готови конфекциски производи. Нас текстилците едноставно не поклопи далечниот исток со многу ниски цени на текстилот и ние тоа не можевме да го издржиме па затварањето на „Тетекс“  беше неминовно“ изјави генералниот директор на АД „Тетекс“ Глигорие Гоговски.

Од Синдикатот на Тетекс, велат дека за сите отпуштени, над 150 вработени ќе се примени колективниот договор.

Оттаму додадоа дека е направена програма за реорганизација на работењето.

Во случај на повторно активирање на фабриката, првенство да имаат отпуштените работници.

Комбинатот Тетекс започна со производство на 25 мај 1951 година.

Низ годините прерасна во вистински текстилен гигант на југословенсктие простори со над 8 800 вработени.

Последните две децении се редеа проблемите на фабриката ,а со тоа и отпуштање на работниците кое заврши денеска со отказ и на последните вработени и последниот погон.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ