
Тешко повредено девојче во училиштето 11-ти Октомври
Ова е раната на главата на седум годишното девојче врз кое падна метална шипка од фискултурна опрема. Инцидентот се случил во спортската сала од училиштето 11 ти Октомври во петокот пред да почне фолклорната група да тренира. Според мајката на девојчето деца сведочеле дека дел од учениците се беселе на одбојкарската мрежа при што била повлечена метална шипка и паднала директно врз главата на девојчето кое случајно поминувало.
Тоа со тешки повреди завршило на приватна клиника каде според наодите на докторите парчиња од черепот биле навлезени во обвивката од мозокот па морало да се прави операција.
Телма се обиде да рзговара со директорката на училиштето 11-ти Октомври, Даница Блажевска. Таа е запознаена со случајот, но немаше што да ни каже бидејќи инцидентот се случил не за време на часови туку на вонредни активности кои ги организира Културен центар Карпош. Тоа што девојчето сепак имало целодневна настава и се случило во салата која училиштето ја изнајмува на фолклорното не го коментираше туку го исклучи мобилниот со зборовите дека нема обврска нам да ни дава информации.
Одговорност не чувствуваат ниту од центарот од каде прстот го вперија во постарото братче на повреденото девојче за кое тврдат дека единствено тоа се бесело на мрежата. Мајката негира, зачудена е од односот на раководството кое како што вели не се ни јавил да праша како е малата и бара одговорност.
Инаку настанот не е пријавен од никого ниту во полицијата ниту во образовниот инспекторат. По јавувањето на Телма инспекторатот се заинтересира да истражи до крај дали има одговорност и кај кого.
Билјана Николовска