
Тешко оди убедувањето на Франција да се согласи на Македонија да и се додели датум за почеток на преговори со ЕУ
Тешко им оди на министрите за надворешни работи на ЕУ да ја убедат Франција да се согласи на Македонија да и се додели датум за почеток на преговори со ЕУ.
Иако мнозинството земји-членки на Унијата одобруваат датум, Франција се спротивставува на ова, инсистирајќи на ставот дека прво треба да се реформира Унијата, а потоа да се проширува.
За сега, сите опции околу датумот се во игра: условен датум, отпочнување преговори до летото 2019, меѓувладина конференција која би се одржала во јуни идната година, по завршувањето на изборите за Европски парламент.
Дипломатски извори вo Луксембург брифираат дека е голема веројатноста, овој министерски состанок да заврши без заклучоци, па околу пакетот за проширување да одлучуваат европските лидери на Самитот закажан за четврток и петок во Брисел.
Проширувањето беше прва точка на Советот за општи и заеднички работи на Унијата, но поради неусогласеноста меѓу членките, министрите се согласија на оваа точка повторно да се навратат попладнево.