Tешки сведочења, навреди и солзи меѓу Јанева и Стефанова на судењето за случајот Рекет

Не сме скарани, ама не сме во добри односи со Јанева. Како започна сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, така и заврши. Со погрдни зборови од Јанева кон Стефанова, по што судијката ја избрка од судницата. Инцидентот се случи на крајот на рочиштето по што Јанева во солзи го напушти судот.

Претходно Стефанова, три часа раскажуваше за истрагата Империја, на чие чело беше таа, но за сите одлуки пресекувала главната специјална обвинителка.

Првите несогласувања меѓу нив започнале во декември 2017, кога Јанева на состанок побарала за сите осомничени кои се во притвор меѓу кои и Орце Камчев да се даде куќен притвор.

Втор пат на состанок во април следната година специјалната обвинителка барала да направи извештај потребен за спогодба со која Камчев не би одел во затвор, а исто така и да му го врати пасошот.

Ти Лиле да му го дадеш на Орце пасошот. Приговори нејќам. И Лиле и Бурим, да направите извештај колкава штета е направена во ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ и тука да се затвори предметот. А сега марш, излегувајте сите од тука!, сведочеше обвинителката Лиле Стефанова.

Инаку Стефанова сведочеше дека додека траела истрагата за империја бизнисменот кој сега е оштетен а осомничен во нејзината истрага Орце Камчев се обидувал на најразлични начини да дејствува врз неа.

Имало бизнисмени политичари, обвинители судии. На прашање на адвокатите откри едно име, на судијката Добрила Кацарска.

Истрагата Импеирија е се уште жива. За рекет пак се обвинети екс специјалната обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски, дека земале пари од осомничениот Камчев за да добие полесни мерки и пасош.

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ