Тешка сообраќајна несреќа на „Илинденска“ – возејќи во спротивна насок возило излета од пат

Возило “сеат алтеа“, кое според очевидци, возело со голема брзина во спротивна насока на билеварот „Илинден“ од правец на центар кон Фонтана, на крстосницата кај Фонтана излетало на тротоарот удирајќи во бандера. Возачот и совозачот од автомобилот „сеат алтеа” се префрлени на Ургентниот центар при на Клиничкиот центар. Несреќа се случила малку пред 12.00 часот.

Од силната на ударот возилотот се дигнало во воздух и се изротирало за речиси 180 степени од правецот со кој удрило во столбот и се качило на бетонскиот ѕид и врз автомобил паркиран на паркингот кај Фонтана.

Во несреќата биле оштетени и други возила што во моментот биле на крстосницата.

Случајни минувачи веднаш им пружиле прва помош лицата во колата и ја извадиле сопатничката од автомобилот, а на самотот место веднаш дошла и полиција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ