Тешка сообраќајна несреќа кај штипското село Лакавица

Четири лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај штипското село Лакавица. Во несреќата учествувале камион со скопски регистерски таблички и автомобил „Голф“ со радовишки регистерски таблички. Повредени се двајцата возачи на камионот и на автомобилот и две сопатнички во возилото на возраст од 41 и 19 години од радовишкото село Ињево.

Според информациите од Клиничка болница Штип двајца од пациентите се на неурохиргија, еден е на одделението на хиргија, а четвртиот пациент на ортопедија.

Несреќата се случила во 14.47 часот на регионалниот пат Штип – Радовиш, кај последната куќа на селото Лакавица. Инаку ова е позната црна сообраќајна точка, каде што често пати има и жртви, последен пат градежни работници загинаа на лице место.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ