
Тешка сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка, повреден мотоциклист
На магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај село Облавце, вчера попладне во 17 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Дачија дастер“ со скопски регистерски таблици управувано од М.П. (70) од Скопје, патничко моторно возило „Цитроен“ со кумановски регистерски таблици управувано од И.П. (30) од село Режановце-Куманово и мотоцикл без регистерски таблици, управуван од Ј.В. (23) од Куманово.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, по што бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во времето од 17:30 до 18:45 часот, сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка бил во прекин. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.