Термите се потсетник за немоќта од нив да се направи вистинска туристичка атракција

Римски терми, еден од најдобро сочуваните римски споменици од ваков тип во Европа и најрепрезентативен археолошки локалитет од доцноримскиот период. Датира од третиот и четвртиот век, а најверојатно работел и во средновековието, кога бил користен како турска бања. Последните 40 години, откако археолозите го пронајдоа, тој е симбол на топлите и лековити извори. За жителите, пак, Термите се потсетник за немоќта од нив да се направи вистинска туристичка атракција, но и да се сочува историјата.

Термите се лоцирани веднаш до изворот на топла вода Парило, кој има капацитет од 42 литри во секунда и температура на водата од 72 степени целзиусови. И покрај огромното културно и историско значење и природниот потенцијал на изворите, термите постојано чекаат средства за нови истражувања. Но и се соочуваат со проблеми како да се одржуваат и чуваат.

Од струмичкиот музеј велат дека одржувањето и истражувањето на целото културно богатство што се наоѓа само во овој регион е огромен предизвик за институцииите.

Римската терма има 11 простории на површина од околу 600 метри квадратни. Во неа имало изградено посебен систем кој со помош на топлата вода ги загревал ѕидовите и подовите во термите.

Сузана Мицева

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ