Тензична собраниска дебата

На работ на кворум во тензична атмосфера, со голем број паузи, процедурални интервенции  и кординации функционираше Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не влегуваа во собрансиката седница, владејачкото мнозинство мака мачеше да ги собере пратениците. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, вината за нефункционирањето ја посочи во владејачките партии.

Реплицираше Тунтев. Наместо да се однесува одговорно и државнички кога се одлучува за решение за спорот за името, ВМРО-ДПМНЕ ја подгрева ситуацијата.

Интервенираше и Собранискиот спикер Џафери, предупредувајќи ги пратениците дека во иднина јавно ќе ги именува оние кои се зградата на Парламентот а не влегуваат во салата.

Пратеникот Ферид Мухиќ изрази личен протест за изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан во всрка со односот на Претседателот Иванов за договорот за името.

Пратениците се во исчекување Владата да им го достави договорот за името откако тој ќе биде потпишан. Како и за сите други меѓународни договори, најпрво за него ќе расправа Комисијата за надворешни работи, а потоа ќе оди на пленарна седница.

Ако биде изгласан тогаш претседателот Иванов треба да го потпише. Доколку тоа не го стори договорот повторно се враќа во Собранието на гласање. Пратениците од владејачкото мнозинство стравуваат дека договорот може да ја доживее судбината на Законот за јазици, затоа што Иванов соопшти дека нема да го потпише. Решението според нив би биле предвремени претседателски избори кои евентуално би се одржале заедно со референдумот.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ