Тенисерките поразени на стартот од Фед купот во Тунис

Македонската женска тениска репрезентација загуби на стартот од Ерменија со 3:0, во првото коло од А групата во Третата евроафриканска зона во ФЕД купот. Марија Еленова беше поразена од Ана Мовсисијан со 2:1 во сетови (3:6, 6:2, 6:1) а Катарина Маринковиќ доживеа пораз од Ани Амирахијан со 2:0 (6:1, 6:3).

Во дубл Еленова и Маринковиќ беа поразени во третиот меч исто така во два сета од двојката Мовсисјан – Марина Давтјан.

Македонија, покрај Ерменија, во група е и со Литванија и Исланд. Следните мечеви на македонските тенисерки се на 19 април против Исланд, а дуелите со Литванија се играат ден подоцна.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ