Тендерот за физичко обезбедување на 40-тина државни објекти тежок 2,6 милиони евра фаворизира одредени фирми, велат извори за Телма

Дел од условите во тендерот за физичко обезбедување на 40-тина државни објекти тежок 2,6 милиони евра фаворизираат одредени фирми, велат добро упатени извори за Телма. Прашуваат зошто во тендерот се бара компанијата да има 350 вработени со службени легитимации од Комората за обезбедување кога во тендерот стои дека ке им бидат потребни 157 обезбедувачи. Ова според некои агенции е и спротивно на Законот за јавни набавки кој бара еднаков третман и недискриминација на економските оператори.

Дел од агенциите кои сакаа да останат анонимни прашуваат и зошто се бара фирмата да има последните 3 години, барем 2 договори за физичко обезбедување со најмалку 70 лица. Велат многу малку компании барале обезбедување со толку голема бројка на обезбедувачи

Познавачите брифираат и дека со условот агенцијата да поседува 70 парчиња оружје се стеснува изборот. Според податоците од мвр од крајот на минатата година само 3 агенции за обезбедување го исполнуваат овој критериум.

Директорот на СОЗР Пеце Мирчевски во изјава за Телма викендот рече дека условите се правени како за обезбедување од прв степен и негираше дека на овој начин се исфрлаат од игра малите агенции. Вели дека можат да се групираат и да конкурираат.

Од СОЗР денеска додаваат и дека спецификацијата за тендерот е направена врз основа на технички дијалог и прифатени биле дел од поднесените забелешките на компаниите.

Со тендерот се бара обезбедување на СОЗР, Бирото за судски вештачења Бирото за метрологија и уште 30тина други објектина претежно подрачни единици на министерства низ државата а главен критериум за избор е најниска цена.

Минатата недела СОЗР објави уште два други огласи за јавна набавка – 6,2 милиони евра за  чистење за поправка и одржување на над 50 државни објекти во наредните три години и за хортикултурно одржување на објектите на државната управа тежок 666 илјади евра.

Претходно овие услуги ги вршеше компанијата Секјуриком. Во март годинава финансиската полиција поднесне кривични пријави против поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски и сопственикот на Секјуриком и се уште трае истрагата поврзана со тендерот.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ