Тело за помирување без „големото“ ВМРО-ДПМНЕ

Готови се контурите на собраниското тело за национално помирување, но во него нема да партиципира ВМРО-ДПМНЕ. Партијата смета дека тоа е уште еден обид за замајување на јавноста и за селективна правда и дека Законот за амнестија, што власта го одби, е вистинскиот начин за надминување на поделеноста на општеството.

Наспроти тоа, премиерот Заев е цврсто уверен дека Телото што го предлага Групата на независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е вистинскиот начин за помирување и простување. Тој нема дилема за партиската припадност на осумте членови на новата пратеничка група.

ДУИ се согласува дека процесот на помирување треба да се води преку посебно собраниско тело.

Еден од четирите услови на осуммината пратеници од опозициската коалиција за поддршка на уставните измени, беше формирањето посебно тело составено од шефови на пратенички групи и тројца нивни пратеници. Владеачките партии ги прифатија барањата, а вчера со нив се согласи и премиерот Заев. По средбата, најавија дека деновиве ќе го поканат спикерот Талат Џафери да претседава со ова тело. До 19 ноември, имаат намера на Собранието да му предложат и текст на Планот за национално помирување.

Соња Николовска

https://www.youtube.com/watch?v=1-2SsW28ulA

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ