Телма во Куманово: Тивко и солидарно. Битката ја водат здравствените работници протiв заразата

Тече вториот ден од викенд карантинот во Куманово, градот кој и денска има најмногу заразени. Граѓаните остануваат во своите домови, до утре изутрина. Денешната слика во градот ја пренесува колегата Огнен Чанчаревиќ.  Што во моментот преземаат општинските власти? Како менаџираат со општината во ваквите карантински услови, кои Кумановци ги затекнаа неспремни. По, владината одлука, имаа само два часа да се подготват?

Огнен Чанчаревиќ со информациите од градот кој заради зголемениот број на заразени со Ковид 19, викендов паузира, раздвижување има само околу болницата и аптеките.

Со дозвола се движат граѓаните кои имаат итни и неодложни здравствени потреби. Во Куманово новозаразени се нови 21 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ