
Телма од Будимпешта: Унгарските власти полека го откриваат патот на Груевски до унгарската престолнина
Детал по детал, со ситни чекори, унгарските власти полека го откриваат патот на Груевски до унгарската престолнина иако остануваат големи мистерии. Денеска владата објави дека поранешниот македонски премиер првин бил во унгарска амбасада која не е во Македонија, по што почнала постапката за азил, иако овде во Будимпешта се прашуваат зошто не се открива во која земја било тоа.
Наместо на граница, како што налагаат унгарските закони- процедурата за Груевски ќе се одвива во Будимпешта од безбедносни причини, објавија од кабинетот на премиерот Орбан, кој ги одбива прашањата за неговиопт долгогодишен политички пријател од Македонија.
Оние што со години им помагаат на азилантите, пред се на оние од со војна погодените држави, велат дека од Македонија долго немало апликант за азил.
Уште една ноќ Груевски ќе помине во градот на Дунав. Му претстои интервју со унгарските имиграциски служби, па ќе чека позитивен одговор. И така многу ноќи ќе треба да биде тука откако ноќта на 8-ми ноември избра наместо да замине во скопскиот затвор, да го отпочне азилантскиот пат.
Миомир Серафиновиќ