
Телма математика: 10 % новозаболени дневно, од тестирањата во изминатите 6 денови
Повеќе од 10 проценти од вкупно тестираните во последните 6 денови се позитивни на Ковид 19. Или тоа прикажано во бројки значи од просечно изработени 190 тестови дневно регистрирани се по 20 новозаболени.
Но ова е математиката на Телма, не и на министесртвтото за здравство оти тоа последниве денови во збир ги објавува тестирањата на оние кои се тестираат по алгоритам со симптоми заедно со вработените во градинките кои подлежат на скрининг без никакви сомнежи за болеста.
Телма собра дека вкупно во последните 6 денови се изработени 2167 тестирања, но од нив дури 908 се за вработени во градинките.
Тоа значи дека ако се одземат градинките, разлика од 1259 е всушност реалната бројка на изработени тестирања со кои би се лоцирале новозаболените од корона вирусот.
Но, и овој број е под знак прашалник, бидејќи во изминатите шест денови има и оздравени пациенти 116. Од досегашната паракса за еден болен да биде регистриран како оздравен значи дека трреба да има минимум 2 негативни тестови.
Сепак по претпоставка дека сите тие не се изработени во минатите 6 денови телма ќе одземе само по еден за секој оздравен, што би значело дека во овој период по алгоритам се тестирани 1143 па така кога ќе се подели на 6 денови се доаѓа до 190 тестирања на ден за новозаболени, а просекот е 20 на ден или десет проценти од тестовите.
Ова се коси со изјавата на заменик министерот за здравство Арменд Аслани кој го пренесе ставот на комисијата за одржување на парламентарните избори. Според изјавата дадена на 11 мај, само ако бројот на заразените во наредните 14 дена е под 5 проценти може да се разговара на таа тема.
Министерот за здравство Венко Филкипче денеска не беше дециден дали комисијата би одобрила избори со ваквите резултатити од тестирања.
И директорот на центарот за јавно здравје во Скопје Арбен Зибери во изјава за Телма пред два дена беше загрижен поради новите бројки и изборите.
Инаку интересно е што во истиот период кој го анализираше Телма, во последните 6 денови според статистиката на Министерството бројот на новозаболени со излечени е идентична 116.
Ова би значело дека нема никаков напредок во намалувањето на активните случаи кои денеска во земјава се 382.
Билјана Николовскa