Телма дознава: Полицискиот час останува до крајот на неделата

Актуелниот полициски час останува до крајот на неделата, дознава Телма. Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките. Комисијата за заразни болести на Владата и` препорачала органичувањето на движењето  да продолжи да важи до 23-ти мај, но од понеделник  граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршуавње на дневните обвски. Полицискиот час ќе остане, но ќе почне од 21 часот навечер.

Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време.  Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела. Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат меѓусебно растојание од 1,5 до 2 метри. По еден купувач на 15 метри квадратни, а пробувањето облека ќе биде забрането.

Доколку на касата нема можност од растојание од два метри фирмата е должна да постави плексиглас, а продавницата мора да се дезинфицира 4 до 5 пати во текот на работното време.

Кафеаните и рестораните на почетокот ќе може да работата до 18 часот, но во функција ќе бидат само терасите, бројката на гости ќе се ограничи, а ќе се служат само оние кои седат. Свадби и крштевки се забранети. Одговорено лице мора да стои пред влезот на објектот  за да го регулира протокот на гости.

Најмалку 9,6 метри квадрати е просторот кој ќе смее да зафаќа една маса за 4-рица гости и на секоја маса ќе мора да има средство за дезинфекција.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ