Телма дознава: Коморите испратија допис со барања за антикризни мерки до Царовска

Четирите стопанските комори адресираа барање до вицепремиерката Мила Царовска. Дописот до кој дојде Телма е испратен во текот на денешениот ден.

Коморите бараат – субвенционирање на платите за сите вработени додека траат превентивните мерки, субвенции на трошоците на компаниите за бруто плати за сите кои се отсутни од работа –  хронично болни и родители на деца под 10 години.

Понатаму, се бара исплаќање на нето плати без придонеси без да се блокираат сметките и без казни за работодавачите ако некоја фирма не може да исплати цела плата.

Намалување на придонесите за сите вработени од најмалку 50 отсто додека трае кризата поради намален ефективен фонд на часови.

Вработените кои ќе бидат дома и тие кои ќе бидат во самоизолација  да имаат третман на болни и да бидат платени од Фондот на здравство за период од еден месец, а потоа да се дејствува согласно ситуацијата.

Даночни олеснувања

Во однос на даноците се бара одложување на даночните обврски во секторите и фирмите подгодени од коронавирусот.

Концесиите кон државата да бидат намалени додеа трае кризата.

Мораториум на месечните аконтации за данок на добивка и обврските за ДДВ додека трае кризата.

Субвенционирање на персонален данок и данок на личен доход за сите вработени.

Намалување на данок на личен доход за период од 3 месеци, поврат на ДДВ да  се врши со зголемена динамика.

Намалување на акцизата за нафтени деривати и алкохол до 50 отсто. Плаќањата кон домашните компании да имаат приоритет.

Да се продолжат роковите за изведба на потпишаните договори.

Намалување на комуналната такса

Се бара олеснет пристап до финансии и дефенирање на посебни сетови мерки за сектрорите од посебно значење.

За ланецот на снабдување со течни горива, потоа фармацевската индустрија, хемиската индустрија – да се обезбеди план кој ќе зачува  функционалноста на снабдување.

Да се преземат итни мерки за функционирање на ланецот на супермаркети

Туристички агенции и игри на среќа

Ослободување од туристичката такста додека трае состојбата , ослободување од трошоци за ЗАМП. Пренамена на субвенциите за странските гости кон домашните хотели.

Поддршка за намалување на штетите од секторот игри на среќа, односно 100 % ослободување од вкупните придонеси за плати за април, 50 % ослободување од персоналниот данок за кирии за месец март и 100 % осолободување од персоналниот данок за кирии за април.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ