Утврдена листата за новите антикорупционери

Утврдена е листата со имињата на новите антикорупционери. Според бодувањето, најмногу поени има Владимир Георгиев – 100, кој е вработен во Комисијата, Софка Пејовска Дојчиновска има 98 поени и исто така е од ДКСК, ревизорката Катица Николовска е на трето место со 94,67 поени,  Нури Бајрами со 93,57 е на четврто место, а е вработен во општина Гостивар, ревизорката Билјана Ивановска е на петто место со 92,14 поени, новинарот Горан Трпеноски е на шесто со освоени 89,29 бода,  и Шемши Салаи од општина Врапчиште е на седмо место со 89 поени.

Вкупно 57 кандидати беа предмет на полчасовни интервјуа во парламентот кои почнаа во неделата наутро, а завршија вчера во вечерните часови. Но, кандидатите треба да поминат уште еден филтер утре во 11 часот на Комисијата за избори и именувања. Тие можат, но и не мораат да ги прифатат седумте најдобро рангирани.

До утре пред пладне собраниската Комисија за избори и именувања треба да одлучи кои ќе бидат седумте антикорупционери од интервјуираните 57. Потоа пратениците на пленарна седница ќе треба да ги изгласаат.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ