
Уште 6 месеци до нова расправа за датум- навестува дискусијата на ЕУ лидерите
Во април 2020 Унијата најверојатно ќе решава кога Македонија ке добие датум за преговори дознава Телма од извори на состанокот на европските лидери во Брисел.
Сепак заклучокот се уште не е донесен но во оваа насока се движи дикусијата, потврдуваат истите извори.
Од друга страна АП пренесува став на француска дипломатска дека Франција бара од Македонија во следните шест месеци да спроведе дополнителни реформи, за да одобри почеток на преговори со ЕУ. Во веста не е наведено за кои конкретни реформи се дава рокот.