
Телма дознава: 5 милиони евра за македонските компании за кризата од корона вирусот
Сума од 5 милиони евра преку Развојна банка на Северна Македонија најверојатно ќе биде ставена на располагање на компаниите, како една од брзите мерки за справување со кризата од корона вирусот, дознава Телма.
Идејата е компаниите од најпогодените сектори да имаат пристап до кредити не поголеми од 50 илјади евра , со симболична каматна стапка. Сепак, со оглед дека земјата е во предизборие се бараат начини како да се овозможи реализација на мерката, со оглед дека се зависи од ставот на Антикорупциската комисија.