„Телма“ анкета: 45,4 отсто од испитаниците ќе излезат да гласаат на 15 јули

На прашањето „Ќе излезам да гласам на изборите на 15ти јули“, 45,5 отсто од испитаниците одговориле дека целосно се согласуваат и ќе гласаат.

21,4 отсто одговориле дека донекаде се согласуваат а 7 отсто дека донекаде не се согласуваат.

Кај 18,3 отсто од испитаниците одговорот е дека тие нема да излезат да гласаат а 7,7 отсто сеуште немаат донесено одлука дали ќе гласаат на предвремените парламентарни избори или не. 0,6 отсто до испитаниците избраа да не одговорат на ова прашање.

Гледано по националност, кај двете најголеми етнички заедници во државата, резултатите се со мали разлики.

49,2 отсто од Македонците и 36,7 отсто од Албанците изјавиле дека ќе излезат да гласаат. Разликата е уште помала кај оние што одлучиле дека нема да гласаат – 17,9 отсто од испитаниците Македонбци и 15,9 отсто од испитаниците Албанци. Сеуште немаат одговор односно не знаат дали ќе излезат да го дадат својот глас 7 отсто од испитаниците Македонци и 8,4 отсто од испитаниците Албанци.

Анкетата на  телевизија „Телма“ ја спроведе „М Проспект“ и е на репрезентативен примерок кај 1.003 испитаници. Анкетата беше спроведена телефонски во периодот од 16 до 21 јуни и е со статистичка грешка од 3,1 % и со ниво на доверба од 95%.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ