
Текстилниот кластер бара зголемување на работното време, невладините најавуваат герила акции
Работниците и граѓанските здруженија преку социјалните мрежи бараат штрајк, но не за поголеми работнички права, туку за поддршка на сопствениците на текстилните конфекции, коишто доставија барања до министерките за труд и финансии за зголемување на работното време за половина час и работа на празници.
Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ останува на ставот дека овие барања на Текстилниот Кластер се апсурдни и нема шанса да се поддржат, во време кога европските земји ќе го намалуваат работното време, во корист на работниците.
Премиерот Заев денеска од Штип со став дека ова е вечната борба меѓу коморите и синдикатите. Смета дека ако барањата се изнасилени, тоа ќе биде одбивно за другата страна.
Новиот Закон за работни односи се подготвува веќе една година, во него се вклучени сите страни, а од Гласен Текстилец порачаа дека деновиве ќе достават и нов предлог да се вметне во законот, а тоа е забрана на фирмите да работат во недела. На Балканот ваков закон веќе има донесено Црна Гора.
Викторија Димитрова Јованова