
TE-TO ги демантира наводите на финансиската полиција
ТЕ-ТО АД Скопје целосно ги демантира наводите на Управата за финансиска полиција изнесени на прес-конференцијата одржана на 21.06.2019 година.
Компанијата работи согласно законите на државата уште од нејзиното основање и така ќе продолжи и во иднина. Тоа ќе го докажеме во правна постапка и ќе ги превземеме сите необходни правни дејствија за заштита на дејноста и имиџот на компанијата од неосновани обвиненија.
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми на пресконференција во петокот објави отварање нови истраги меѓу кои и за шестмина поранешни претседатели на Управниот одбор на ТЕ – ТО, дел од нив и странски државјани за наводен финансиски криминал вреден околу 8 милијарди денари или 130 милиони евра.