Тажната животна приказна на бездомникот Спасовски сепак ќе има среќен крај

Сторијата за тажната животна приказна на Ванчо Спасовски од Куманово, која ја објави Телма, по се изгледа ќе има среќен крај. Утринава, министерот за здравство на својот ФБ профил објави дека Спасовски е контактиран дека му се направени сите потребни прегледи за да му се отстрани израстокот на лицето, кој го мачи веќе 10 години.

Операција која инаку чини 1.800 евра – пари кои тој ги , а не може  да ги добие од Фондот за здравствено осигурување бидејќи е непријавен.

Претходно бил пазарџија, но не успеал. Живеел по паркови, во напуштен автобус, на улица. Ванчо Спасовски од Куманово има дом, но и освен што се грижи за себе, тој се грижи и за други. Помага во домот на Лилјана Ратковиќ, готви и се грижи за неа. Кога не е тука се обидува да заработи дополнителен приход. Купува и препродава стари работи на дивиот пазар кај скопското Кале.

Ванчо веќе трета година живее во подрум во зграда во Центарот на градот. Му помогнале станарите кои виделе дека спие во паркот пред зградата.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ