
Таткото на убиено момче кај Смилковското езеро побара претрес во седиштето на СДСМ и соочување на премиерот Зоран Заев во судницата за повторениот случај „Монструм“
Горан Наќевски таткото на убиениот Александар Наќевски, обраќајки се самоиницјативно и под морална и кривична одгворност до судијата на повтореноето судење за случајот „Монструм“ побара од судот претерес во седиштето на СДСМ и стражарско обезбдување на премиерот Зоран Заев. Како тогашана опозиција на сегашниот коалиционен партнер ДУИ, Заев на родителите на убиените кај Смилковското езеро им покажал испечатени разговори, а се сомневаат дека оргиналните снимки се сеуште кај него, тврди Наќевски кој го обвини Заев дека манипулира и уценува во случајот „Монструм“.
„Кога бевме кај Заев рече дека ќе ни даде 6 разговори државна тајна за 6 функционери на ДУИ. Но, подоцна тие станаа 5. ДУИ тогаш беше нивни противник. Заев ни ги покажа транскриптите, ни го посочи Невзат Бејта и ни покажа транскрипт од разговор меѓу Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Не го исполни ветувањето, од политички причини не ни ги даде тие 5 државни тајни“, рече Наќевски.
Токму, обвиениот Фејзи Азири кој се лекува на Kлиниката за пулмологија, беше причината судијата Огнен Ставрев да го одложи рочиштето. Иако отсутен, Азири беше споменат и во обраќањето на сопругата на Наќевски до судот, дека разгварал со непознато лице во прислушуван разгвор, а судот не го гони тоа лице.
„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не го довршив тој никаквец“, рече Зорица Наќевска.
Братот на Фејзи Азири одговори на семејствата на убиените дека е точно дека постојат разговори на политичари, но добро би било да се слушнат во судницата за што поскоро да се дојде до вистината.
Од една страна судијата Огнен Ставрев, од другата за прв пат откако го презеде случајот триото обвинители од СЈО, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски. Подготвени се да го истуркаат случајот до крај.
Преоѓањето на предметот од јавното во рацето на специјалнтото обвнителство беше едно од барањата и на одбраната на обвинетите, кои се надева за фер и брзо судење, иако не се согласуваат со дел од изнесените аргумените на блиските на убиените кажани во судницата.
Пред Велигенден 2012-та настрадаа 4 момчиња и рибарот Борче Стефковски, а Кривичниот совет во скопска едница осуди шестмина обвинети на доживотен затвор, за по жалбата Врховен да го врати предметот на повторно судење, а четворица обвинети кои се во земјава да се бранат до слобода. Тогашниот опозиционер кој емитуваше прислушувани разгвори, вети и птврди дека споделил разговори кои се однесуваат на овој случај со сите учесници во случајот, не ги објави јавно, а потврди дека се што поседува го предал на тимот на Катица Јанева.
Павле Беловски