
Таткото бара старателство над тринаесетгодишната ќерка
По, несаканата бременост 13-годишното девојче закрепнува од абортусот, а нејзинот татко бара адвокат за да му помогне да си го врати старателството над неа.
По, несаканата бременост 13 годишното девојче закрепнува од абортусот и се чувствува подобро. Ова изутринава го соопштила на нејзиниот татко прашувајќи го кога ќе може да се врати со него и нејзината мајка. Овој одговор Шефкет Ибраим ќе го чека до април кога основниот суд 2 во Скопје треба да одлучи кој ќе биде старател над неа, повторно државата или родителите?
Ибраим е излезен од затвор за питачење пред три години, неговата сопруга пред 16 месеци, па ако тогаш го врател старателството над неа немало да дојде до ова. Според него, таа е нападната и злоупотребана додека била сместена во домовите за згрижување25- мај и „Ранка Милановиќ“.
Патот на бездомниците почнува од улицата, а државата ги нуди трите опции – прифатниот центар „Чичино село“, домовите за згрижување деца „25- мај“ и „Ранка Милановиќ“. Во отсуство на институционална грижа, зад тие ѕидови владее законот на природата дека посилниот добива се, за Телма сведочат и роднините на семејството Ибраим.
Јавноста се крена на нозе откако се дозна за нејзиниот абортус, а се постави прашањето дали имала сексуални односи доброволно или била силувана. Независно од околностите пред кривичниот закон во Македонија за сексуален однос на возрасен со помлад малолетник од 14 години, сторителот треба да добие минимална казна затвор од 12 години. Виновник се уште нема иако МВР откри дека за година и половина ова девојче дури 9 пати била пријавена за исчезната, а пронаоѓана во Шуто Оризари, па дури и во Велес. Констатиран е сексуален однос, присуство на возрасни лица, направен записник, но не е поднесена ниту една кривична пријава против сторител. Јавното обвинителство утре ќе одговори до каде се три случаи за кои добиле информации од полицијата. Разрешница за утврдување одговорност кај инстутициите и воспитувачите најави и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, откако набрзина формираната комисија ќе утврди дали ова девојче било силувано или подведувано и втурнато во проституција, и дали од неа други лица заработувале. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека за овој случај е потребна итна грижа, а не долго и бавно комисиско разгледување на пропустите на институциите, барајќи од неа да си поднесе оставка.
Од СДСМ реагираат со соопштение дека овој случај ја потврдува неопходноста од темелни промени во општеството и истовремено докажува дека ВМРО-ДПМНЕ покрај лажните вести што ги создава е подготвена и да злоупотребува лични трагедии и судбини за политички цели.
Павле Беловски