Тасева: Зошто политиката дозволи судската власт да се замеша во законодавната?

„Да бев на место на политичарите ќе се бунев како судската власт се меша во законодавната власт. Уште од Пржино наликуваше дека носењето на законот за СЈО и поставувањето на рок може да испадне фарса. Очигледно беше дека за 18 месеци, не може да се постапи по сите предмети. Но, сепак, политиката му одреди рок на животот на СЈО“.

„Потоа се замешаа многу други процеси, амнестија, блокади во судовите, со што се намали времето за да може да завршат некои многу комплексни постапки. Останува прашањето, зошто политиката дозволи Врховниот суд да се замеша во толкувањето на законите“, кажа Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешенал.

„Некои лица остануваат недопирливи за правдата, имавме амнестија, па сега се запираат постапките, се доведува во прашање процесот на помирување“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ