
Тасева: Да се отфрли планот за реорганизација на ФЕНИ
Црна иднина има комбинатот Фени доколку надлежните институции не ја преиспитаат постапката за стечај алармира НВО Транспаренси интернешнл. Бараат да се отфрли планот за реорганизација,а со незаконскиот стечај да се позанимаваат обвнителството, судот и финансовата полиција бидејки проблемот според нив е поголем од Скопје 2014.
„Фени ќе трае до септемрви или декември,вработените ќе останат на улица, ќе биде прогласен за нерентабилен, ќе го загубиме комбинатот, а вработените ќе бараат од нас помош. Проблемот е поголем од Скопје 2014 и по обем и по пари и по штета врз Македонија, кажа Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл.
Планот за реорганизација на фабриката е донесен 12 дена подоцна од предвиденото со законот за стечај. Но, иако во таков случај се предвидува веднаш да почне постапка за впаричување на имотот на комбинатот, стечајниот судија Валентина Ѓеоргиевска го процесуира документот до одборот на доверители кој дава позитивно мислење, но не ги прифаќа укажувањата што ги изнел стечајниот управник.Симптоматично е вели Тасева што против планот гласа само директорката на УЈП.
Зад барањето за ревизија на стечајната постапка на Фени Синдикатот на вработените препозна обид на Тасева да ги застапува интересите на Кунико ресурсис која го довела коммбинатот во стечај.
„Загрижени сме од информациите дека токму Тасева се нудела како правен претставник и помагател на една од компаниите кои се вклучени во процесот на стечај за надомест од 50.000 евра и дополнителни средства по постапката, соопштија од синдикалниот одбор на ФЕНИ.
Ме потцениле, заработувам повеќе. Инситуциите нека видат што било вчера. Наша работа е да ја следиме работата на оваа влада. Тоа никогаш не и се допаѓало на која било влада, ама тоа е наша работа. Наше е и денеска да не се краде, кажа Тасева.
За продажбата на Фени, Транспаренси веќе поднесе кривични пријави против стечајниот управник и судијка затоа што не го стопирале потпишувањето на договор со фонд регистриран на Бахамите.
Швајцарскиот инвеститор ЏИ СОЛ пак пред една недела изрази уверување дека ако нема надворешни влијанија стечајната постапка на Фени може да заврши до септемрви со што тие ќе се стекнат со сопственост над комбинатот.
Виолета З Стојановска