Таргет-Тврдина: Пристап до фолдерите имале Мијалков, Грујевски и Николиќ

Пристап до фолдерите каде биле маркираните броеви за прислушување имале Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Надица Николиќ. Ова на денешното сведочење во случајот Таргет-Тврдина, за незаконското прислушување, го кажа Марјан Јанкуловски, поранешен вработен во УБК.

Тој рече дека тие преку таа привилегија, имале можност да ги видат броевите, да ги прислушуваат разговорите, и да ги читаат смс пораките.

Сведокот ги „режел” цд-ата со снимените разговори, кои дел биле со судски наредби, а за дел без судска наредба, и ги предавал дисковите на Надица Николиќ.

Само еднаш имал барање од горан грујевски да му сними цедиња со разговори од Зоран Заев.

Според обвинението, преку три системи за прислушување во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле прислушувани повеќе од четири илјади  телефонски броеви, за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени, и по завршување на судските наредби на повеќе од илјада броеви, а прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ