
Таравари со порака до Адеми: Врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси неотповиклива оставка
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, денеска преку својот Фејсбук профил испрати порака до Министерот за образование, Арбер Адеми, откако Управниот Суд донесе пресуда со кое се поништува решението со кое Министерството за образовние и наука ги одзеде ингеренциите на локалната власт за именување и разрешување директори на основни и средни училишта.
“Министерот
за “ингеренции” и “докторот за правни науки”, според
Управниот суд немал право кога ги одземал ингеренциите за образование на
општина Гостивар.
Почитуван “доценте”, врати ги ингеренциите, јавно извини се и поднеси
си неотповиклива оставка, не поради мене, туку поради учениците и наставниците
во Гостивар, кои ги малтретираш сега веќе 2 години!
Правдата излезе на виделина!” –напиша
на својот фејсбук профил Таравари, објавувајќи ја истовремено и одлуката на
Управниот Суд.