
Танги: Се надевам дека Македонија ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ во 2019, но за тоа има услови
Франција со зголемен интерес ги следи случувањата на Балканот и посебно во Македонија, тоа го потврдуви француската парламентарка Лилијан Танги, која се надева дека Македонија ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ, но за тоа според неа треба да бидат исполнети условите, односно спроведување на реформите, вели таа.
- Се надевам, но има услови кои треба да се исполнат. Мислам дека француската влада, нема да зборувам во нејзино име, но јас сум пратеник, ние го охрабруваме спроведувањето на реформите кои се започнати во Македонија, но исто така и во другите земји од Балканот. Ефективното реализирање на овие реформи ќе ја услови одлуката на Европската Унија и на Франција како држава членка, порача Танги.
Француската пратеничка Лилијан Танги инаку со македонско потекло по својот татко, важи за една од најдобрите познавачи на ситуацијата во земјите од Балканот. За неа и за нејзините колеги е важно да бидат информирани за случувањето во овие земји.