
Танчери во разнобојни костими ги брануваа синоќа струмичките улици
Ако сакате да видите река од маскирани учесници, Струмица е местото каде што се случува ова карневалско течение. Танчарите во разнобојни костими ја брануваа карневалска Струмица и повеќе од три часа централните улици на градот беа блокирани со групни и поединечни маски кои што претставуваа земни и магични ликови.
Тука беа самовилите, кактусите, пеперутките, но и новите видови луѓе.
А, денеска парадата продолжува со најмалите карневалџии. На градскиот плоштад поминаа јунаци од цртаните филмови, принцови и принцези, животни и уште многу други креации.
Организаторите велат дека Струмица докажа зошто е избрана за една од најатрактивните седум зимски манифестации во Европа.
На главната карневалска вечер учествуваа 42 маски и околу 2 илјади карневалџии.
Сузана Мицева