
Танасоски: Пад од 10 проценти на наплатата на акцизите и увозното ДДВ
Пад од 10 проценти на наплатата на акцизите и увозното ДДВ во март годинава во однос на март лани и раст на извозот особено на земјоделските производи бележи Царинската Управа, Директорот Ѓоко Танасоски информираше дека нема сериозно нарушување на извозот и увозот на стоки со сите соседни држави и во реализацијата на „зелениот коридор“ за транспорт на медицински материјал и опрема, како и на прехранбени и земјоделски производи. Танасоски посочи дека за да ги олесни царинските постапки владата ги укина царинските давачки за увоз на медицинска опрема и кај увозот на смрзнато месо и ги продолжила одобренијата, дозволите. А овозможено и одложување на плаќањето на царински давачки додека трае вонредната состојба.