Тамара Тодевска со „Proud“ влезе во финалето на Евросонг

Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“)  обезбеди  место во финалето на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел.

– По шест години Македонија е во финалето. Ние сме многу горди. Јас сум многу горда, јас сум многу среќна. Сакам да се заблагодарам на мојот тим. Ве сакам. Направивте неверојатна работа. Јас сум горда на мојата држава, на моите луѓе – истакна пејачката на синоќешната прес-конференција.

Покрај Тамара во финалето влегоа и претставниците на Холандија, Албанија, Шведска, Русија, Азербејџан, Данска, Норвешка, Швајцарија и Малта.

Тамара сношти во полуфиналето настапи под реден број 17. Финалето на годинашниот Евросонг ќе се одржи в сабота и Тамара ќе настапи под реден број осум.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ