
„Талир“ повторно одложено, „Талир два“ ќе се оценува утре
По девети пат се собраа во судницата број 6 на третиот кат во Кривичниот суд обвинети, адвокати, обвнители, судии. Речиси сите поврзани со предметот „Талир“ освен еден. Повторно недостасуваше поротничката која е на боледување. Судењето за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и по шест месеци од првично закажаниот датум никако да почне. На едно рочиште беше утврден идентитетот на обвинетите а сите останати не ни почнаа.
На прашање на Телма зошто не бил поставен друг судија поротник на место на отсутниот, со оглед на тоа што судењето е на самиот почеток, од судот ни одговорија дека се разгледува и таа опција.
Расправата е одложена заради оперативен зафат на еден од судиите – поротници кој сеуште закрепнува од операцијата, а во моментот се разгледвуа можноста и се прават проценки дали е поцелисходно да се промени составот на судечкиот совет кој го води предметот се со цел ефективно водење на постапката, а воедно и да не дојде до повторно одлагање на идните закажани расправи.
Во судот имаат време да размислат до септември кога е закажано следното рочиште.
Коментар за одолговлекувањата на „Талир“ нема ниту од СЈО. Воздржани останаа и во судот и подоцна на прашањето на Телма.
„Талир“ е единствнениот предмет на СЈО кој е во судница а со обвинение поднесено по рокот од 30 јуни 2017. По овој датум Врховен оцени дека СЈО не смеело да отвора истраги и да подигнува обвиненија. Се уште не е ниту оцененето обивнението за „Талир два“ за изградбата на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Оценката за ова обвинение е закажана за утре.
Од судот негираат дека мислењето на Врховен е една од причините поради кои „Талир“ се движи бавно по судската трака. Тврдат дека за судот е битно тоа што на рочиштата има обвинител кој е овластен тужител и дека не навлегуваат дали е од СЈО или редовните обвинителства.
Според обвинението за „Талир“ од 2009-та до 2015-та на сметката на ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин легнале 4,6 милиони евра. Меѓу обвинетите се и избеганиот експремиер Груевски, ексминистерот за Транспорт Јанакиевски кој штрајкува со глад во притвор, и поранешниот генерален секретар Божиновски, пратеникот Димовски и самата партија.
Елена Ивановска Мукоска