Талат Џафери во обвинителство за 27 април

Претседателот на Собранието Талат Џафери во моментов е на распит во обвинителството за организиран криминал каде што дава исказ за настаните на 27 април, кога беше избран за собраниски спикер, а во врска со отворена истрага според пријава на битолско граѓанско здружение.

Освен Џафери, покана од обвинителството добиле и пратеници кои учествувале на собраниската седница на 27 април.

Основното јавно обвинителство кон средината на ноември информира дека отворило истрага за начинот на кој е избран Џафери за претседател на македонското Собрание. Истрагата е поттикната по повеќе од една година од пријавите што ги доставило битолското здружение, а кое бара да се истражи дали на 27 април во законодавниот дом се случило велепредавство, злоупотреба на службената положба, противзаконско посредување, самовластие и насилство спрема претставниците на највисоките државни органи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ