Тактики за техничкиот министер за внатрешни, објавени дополнителните заменици на ВМРО ДПМНЕ

Неизвесноста за технички министер за внатрешни работи ќе трае до 2 јануари . ВМРО ДПМНЕ тактизира и не соопштува дали ќе отстапат од Драган Ковачки или пак  ќе предложат нов кандидат. Во меѓувреме опозициската партија ги утврди предлозите   за министер за труд и социјала и дополнителните заменици министри. Рашела Мизрахи ќе го заземе местото на Мила Царовска, пратеничката Невенка Стаменковска ќе биде заменик во информатичко општество, Цветан Трипуновски во  земјоделие, а  Гордана Димитриеска Кочоска која  била дирекор за финасии во ЕЛЕМ во времето кога  Христијан Мицксоки управувал со компанијата  ќе биде доплнителне заменик  во министерството за финансии. ВМРО ДПМНЕ се убедени дека на 3 јануари ќе се избере техничка Влада, а изборите ќе се одржат на 12 април.

СДСМ се изјасни дека доколку ВМРО ДПМНЕ не го повлече предлогот тие нема да гласаат во Собранието. Со ист став е и коалицискиот партнер НСДП.

Претседателот на Демократскиот сојзуз Павле Трајанов апалеира да не се дозволи полковник да стане технички министер.

Времето за преговори се скратува. Сите партии инсистираат да се постигне договор за персоналните решенија и да се избере техничката влада која ќе ги организира и спроведе изборите.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ