
Тајни влезови и спуштени ролетни во угостителски објекти – инспекторите ги открија
Пазарните инспектори и полицијата го затворија пазарот во Шуто Оризари, со образложение дека имало собрана група поглема од дозволеното, односно повеќе од 250 луѓе на едно место.
Направена е и контрола на Кванташки паазар од каде се земени документи за да се види какви маржи ставале трговците на големо пред прогласување на пандемија и потоа, а резултатите ќе бидат готови од понеделник, кога ќе се знае дали правеле злоупотреби со цената на јужното овошје.
Во Кичево и Битола угостителски објекти работеле со спуштени ролетни или се користеле задни влезови, но инспекторите ги откриле.