Тајната служба и нејзина злоупотреба во правни процеси

Поранешна вработена во царина се пожали- дека нејзината судска пресуда пред десет години била нарачана од директорот, а судијата кој сега е починат и признал дека е донесена под притисок. Но последиците од пресудата мора да ги живее, бидејќи не ја враќаат на работа.

Оваа жена беше една од многуте кои сметаат дека се неправедно осудени во политички монтирани случаи во време на претходната власт. Своите маки ги кажаа пред директорот на УБК, државниот секретар во МВР и заменик министерот за правда- на трибината на Зелена лупа за реформирање на безбедносните служби. За сите вакви судски случаи заменик министерот Оливер Ристовски ги повика да проверат дали нивните пресуди се донесени од судии кои предметите ги добивале на рака наместо преку компјутерска распределба на АКМИС системот. Вкупно 800-тини пресуди биле донесени со делење предмети на рака.

Многумина бараа одговори и од директорот на УБК, кому му велеа дека прислушувањето во тајната полиција е злоупотребувано и за судски пресуди. Злоупотреби имало признава директорот Николовски, а тековните реформи треба да ја остранат мрачната сенка од УБК.

Сите присутни и оние што велат дека се намесетни во судско-политички монтирани случаи и функционерите оценија дека треба се спречат идни злоупотреби, а тајната полиција да престане да биде тајна и да не се занимава со судски процеси туку со својата работа, заштита на државата.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ