
Тајната да се одвои од униформираната полиција, предлагаат експертите
Управата за безбедност и контраразузнавање да се издвои од МВР, да замине во историјата и со ново име и со нов закон за национална безбедност за да се регулира работата на разузнавачите, ова го предлага професорот Томе Батковски, кој е поранешен припадник на службите.
Предлогот на Батковски е еден од трите модели кои се во игра за реформи на разузнавачката заедница во државата. Едниот модел е да остане по старо, УБК да си остане во МВР, а самостојни да останат и агенцијата за разузнавање и воената безбедносна служба. Такво решение според него е укинато во сите соседни земји. Третиот модел е УБК и Агенцијата за разузнавањето да се спојат во едно. Кој модел ќе биде избран ќе се расправа до 15-ти ноември, кога МВР ќе предложи, а владата ќе го каже конечниот збор. Реформите на тајните служби доаѓаат по серија скандали произведени од разузнавачите кои пак например беа избирани и вработувани иако се сомнителни и со криминално минато.
По Прибе, беше конечно одлучено дека мора да се смени однесувањето во тајните служби кои многу скоро треба да станат дел од разузнавачката целина на НАТО, каде нема основа ниту за минимални грешки поради политички пропусти.
Николовски вели дека мора да се направи и официјално тело за координација на службите, да се донесе посебен закон за национална безбедност, но и да се утврди и прецизна улога на претседателот во оваа сфера.
Миомир Серафиновиќ