Таблата со Северна Македонија назад или кривична одговорност и разрешување за министерката Мизрахи

Откако Грција реагираше со протестна нота, министерот за надворешни работи и порача на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи да ја врати назад таблата со Северна Македонија која што ја отстрани во петокот или кривично ќе одговора.

Прв прекршување на договорот од Преспа направил техничкиот министер за внатрешни, Наќе Чулев, се наведува во реакцијата на грчкото МНР кое пред јавноста го соопшти министерот за надворешни работи Никола Димитров и побара од претседателот на владата Оливер Спасовски да отпочне постапка за разрешување на Мизрахи.

Димитров ја објасни штетата која Мизрахи ја прави врз односите на двете држави а со нејзиното однесување кршејќи го уставот се соочува и со кривична одговорност.

Во петокот, Мизрахи одржа прес конференција со старата табла во позадина на кое стои само Република Македонија.

На прозивките на Димитров, Мизрахи кусо одговри дека се смешни и неосновани, бидејќи таа позадина во салата ја наследила од нејзината претходничка, Мила Царовска.

„Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда, да реагира по истата.  Таблата е наследена и не постои нова и стара табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика. Во меѓувреме, треба да и заблагодариме на вице-премиерката за економски прашања, заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа длабоко во себе препознава дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ” – вели техничката министерк, Рашела Мизрахи.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ