СВР Куманово со кривична пријава против Јанкулоска

Кривична пријава против поранешната министерка за внтарешни работи Гордана Јанкулоска поднесе СВР Куманово, за противзаконски вработувања во МВР во 2012 година.

Јанкулоска во 2012 година, овозможила вработување во министерството на 70 лица – -приправници со високо образование и 30 лица-приправници со средно образование, без да се распише оглас.

Дополнително, таа вработила лице – сопруга на висок полициски функционер во МВР, која немала соодветно образование, а договорот за вработување бил со целосен износ на месечна плата, со што бил избегнат приправничкиот стаж. Со ова, според соопштението, Јанкулоска го оштетила буџетот на МВР во периодот од 2012 година досега во вкупен износ од речиси два милиони денари или 30.000 евра.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ