
Свитолина без пораз до титулата во Сингапур
Елина Свитолина триумфираше на завршниот турнир на најдобрите осум тенисерки што се играше во Сингапур. На ВТА финалето, Украинката беше подобра од Американката Слоан Стивенс со 2:1. Откако го загуби првиот сет со 6:3 во наредните два направи пресврт на двапати со идентични 6:2 за неполни два ипол часа игра.
Свитолина до првиот пехар во Сингапур стигна без пораз со пет победи за кои заработи 1, 9 милион евра односно го освои 13. турнир во кариерата.