Свиркачот Костовски: УБК прислушкуваше новинари, бизнисмени, политичари

Нaвечер кога сите вработени од УБК биле заминати, два пати во канцеларијата на екс директорот на УБК Сашо Мијалков доаѓале екс премиерот Никола Груевски заедно со Мартин Протугер. Доцните посети се случувале откако веќе разбрале дека опозицијата поседува прислушувани разговори раскажа свиркачот Звонко Костовски, на денешното судење за „Таргет – Тврдина“.

Обвинетиот началник кој е во бегство, Горан Грујевски, привчно не се сомневале дека Костовски со помош на Ѓорги Лазаревски ги изнесувал бомбите и го викнал на состанокот за да им каже на високите гости од владата кои се другите начин за прислушување. Костовски им посочил дека постојат уреди за следење комуникација кои можат да се постават на неколку места, како пред Влада и Собрание или пак во возило. Тогаш Груевски рекол дека најверојатно со користење на возило биле снимани и дека тоа го правела странска служба најверојатно, грчка или на некоја поголема држава. На втората средба Костовски на тогашниот премиер му раскажувал што се дознал за откривање лажни базни станици  и сите заедно влегле во салата каде што бил системот за следење.

Дали идејата за странски служби и жолти комбиња кои се движеле и снимале била поттикната од оваа средба, Костовски не коментираше, но во јануари 2015-та токму  Груевски на прес конференција претстави слична верзија.

Обвинетиот Грујевски го барал кртот во УБК. Ги ставал дури и вработените на полиграф, а се посомневал дека е замешан Ѓорги Лазаревски, па преку Костовски му испратил закана дека тој лично дека „ќе му го скине гркланот“, раскажа свиркачот од УБК.

Костовски сведочеше и дека Горан Груејвски барал од него да фабрикува доказ. Пред да ја приведат сопругата на Зоран Верушевски во 2015 побарал пораките кои ги добиле со нелегално следење на нивниот син да направи да изгледа дека всушност била таа  таргет на следење во системот за да биде користено како доказ во судска постапка. За тоа што во моментот немало судски налог за следење, Грујевкси му рекол да не се секираа дека наредба ќе добие. Според исказот на Костовски,  тоа не единствен пат отпосле да се бара налог, откако претходно нелегално е снимен разговор за кои има основи за кривично гонење дополнитлено.

Првото ДВД Костовски го снимил во 2010 и тоа со СМС пораки. Потоа почнал и разговори да префлра и му ги предавал на Лазаревкси кој имал пак директен линк со Зоран Верушевски.  Нему му ги предавале затоа што сметале дека како поранешен директор на УБК и професионалец  и на тој начин ќе помогнат да бидат искористени како докази. Немале каде да пријават, затоа што ако кажеле на министерката Јанкуловска таа веднаш ќе го известела директорот Мијалков, а стравувале да пријават во Обвинителство затоа што Грујевкси имал директна комункација со  обвинители па можел да дознае, рече Костовски.

Изнесувањето материјали траело од 2010 до 2013 по што Костовски одлучил да престане затоа што до тој момент немало видлив ефект.

Најмногу прислушуван бил ексминистерот Миле Јанакиевски кој имал псевдоним Тутин. Антонијо Милошоски има псевдоним Милан. Ивица Боцевски, Воив а Силвана Бонева, Босил. Според сведочењето на Костовски, тогашниот дирекрот Мијалков имал компјутер со пристап до следените информациите од 2007ма а таков пристап имал и началникот на Петтата управа Грујевски.

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ