
Свиркачот Костовски ја објасни шемата на нелегалното прислушување
Свиркачот Звонко Костовски се соочи во судница со својот поранешен шеф Саш Мијалков за случајот „Таргет“ на СЈО. Неколку часа раскажуваше за системите на прислушување.
Таргетите биле сместени во повеќе групи. Политичари, функционери, новинари, бизнимени. Костовски објасни дека обвинетиот Горан Груејвски, кој е во бегство или пак обвнетата Надица Николиќ усно кажувале чиј број ќе се следи, под кој псевдоним, но и кој ќе има пристап да ги слуша разговорите. Имало и групи на корисници кои можат да ги слушаат и обработуваат снимките. Една била за репродуцери на снимки на македонски јазик, друга за албански а во третата со наслов „Важно“ биле само ексдиректорот Мијалков и началниците Грујевски и Николиќ.
Според сведочењето на Костовски токму сега избеганиот Грујевски, барал од него да ги извади хард дисковите од стариот систем за прислушување и да ги уништи откако во 2009 бил поставен нов систем. Костовски му посочил дека не смеат бидејќи се водела судска постапка за стариот систем, но Грујевски бил упорен па предложил и да се икслучат камерите во просторјата за да не се сними како се вадат хард дисковите, што Костовски го одбил.
Сведочењето продолжува и нареднните рочишта. Костовски со помош на Ѓорги Лазаревски ги изнеле од УБК прислушуваните разговори кои му биле предавани на Верушевски. Се очекува да открие и за спогодбата со обвинителството со која доби три години затвор за случајот „Пуч“ за кој подоцна СЈО го повлече обвиението и со случајот „Таргет“ ја опфати аферата за масовното прислушување.
Вработен во МВР уште во 1993 како инженер, Костовски си заминува од УБК во 2015 со лисици за случајот „Пуч“ на тогашното државно обивнителство. По 4 години двајцата свиркачи од декември минатата година повторно се вратени во МВР.
Елена Ивановска Мукоска