
Светските медиуми за референдумот
Руски влијанија, успорен европски пат, успешен повик за бојкот со низок одѕив, сите прославуваа- референдумот за членство на Македонија во ЕУ и НАТО со прифаќањето на договорот со Грција повторно ја врати државата како вест за светските медиуми. Во една реченица „Тајм“ сублимира дека референдумот за менување на името на Македонија како дел од договорот што ќе го отвори патот за членство во НАТО, доби огромна поддршка, но нискиот одѕив на гласачите ги истакна пречките што и натаму остануваат на земјата за влез во Алијансата. Британски Гардиан, резултатите од референдумот ги анализира како „уште една победа за Русија“.
„Одбивањето на македонските гласачи да ја подржат промената на името на прв поглед изгледа како чисто локална работа. Но, резултатот од референдумот пошироко се толкува како значајна победа за Владимир Путин, неуспех за ЕУ и НАТО и уште еден вознемирувачки пример на руската способност и волја да влијае врз демократските процеси во западните земји“, стои во анализата на Гардијан.
Во својот подкаст, за Политико Европа, аналитичарот Флоријан Едер дека неизлозноста покажува ризик за договорот и дека пораката на оние што бојкотираат е јасна.
„Но, ако Парламентот оцени дека непостигнувањето на цензусот од 50 отсто е покана да се каже ‘не’, тогаш последиците се прилично непосредни: светот ќе продолжи да се обраќа на земјата со акронимот и таа нема да му се придружи на НАТО наскоро, а не пак да започне преговори со ЕУ. Но ‘ФИРОМјаните’ среќно ќе продолжат да се нарекуваат Македонци“, заклучува Политико.
Во странските медиуми е потенцирано дека повикот за бојкот на претседателкот Ѓорге Иванов и на противниците на договорот сега се гледа дека имал успех.
ББЦ пак со анализа заклучува кои се трите последици на вчерашниот ден. Тоа е референдум на кој сите прогласија победа, и Заев поради гласот За и неговите противници поради малата излезност. Втората последица е мистеријата со албанските гласови, а третата е дека ќе биде „тешко без вонредни парламентарни избори“.
Миомир Серафиновиќ