Светски ден за борба против сиромаштија

Работат, но се сиромашни. Во Македонија стапкатата на сиромашни вработени лица е 9,0 отсто, а дури 7 процени од пензионери се на раб на егзистенција. Граѓаните незадоволни, велат дека едвај врзуваат крај со крај. Не им стасуваат платите, а сиромаштијата како што велат ги избркала младите од државата.

Македонската платформа против сиромаштија , јасно порача дека сиромашните се луѓе, а не статистика. Според нив, државата мора да најде механизам кој ќе го намали бројот на работоспособни луѓе кои се без работа.

Владата , од друга страна резулатите од пакетот на закони за социјална реформа кои беа донеси во мај ќе можат да се видат наредната година.

Денеска е светски ден за борбата против сиромаштијата. Повеќе од 2 милијарди луѓе во светот живеат во сиромаштија , а таа бројка во Македонија достигнува половина милион.  Обединетите нации како главна причина за раст на сиромаштијата ги наведуваат поскапувањата на храната и војни, финансиската криза и природните катастрофи.  

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ