Светски ден на лицата со Даунов синдром

Флеш моб на струмичкиот плоштад за Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. Вака почна пролетта во Струмица. Повеќе од шестотини дечиња од струмичките градинки и основни училишта, како и од посебното училиште „Климент Охридски“ од Ново Село, музичкото училиште и заводот за рехабилитација Бања Банско беа дел од овој настан.

Идејата почнала од неколку мајки, но набргу ја прифатиле наставниците од сите училишта.

Анче Туфекчиева има девојче со Даунов синдром. Таа вели дека предизвиците се големи, и за децата и за родителите но и за општеството.

Организатор на настанот е здружението за поддршка на лица со Даунов синдром, „Вера“.

 

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ